Хемиска индустрија за производство на средства за лична хигиена, детергенти и средства за чистење:
Апликации во индустрија за производство на:
- Средства за лична хигиена за деца и возрасни – течни и тврди сапуни, шампони, купки, туш-гелови, лосиони, тоалетни води, парфеми, дезодоранси
- Козметика за деца и возрасни – разни креми, лосиони и други препарати за нега на коса, лице и тело, средства за сончање
- Детергенти и средства за перење и чистење во домаќинството – течни детергенти рачно и машинско перење на садови, течни и прашкасти детергенти за рачно и машинско перење на алишта, омекнувачи на алишта, средства за чистење на стакла, универзални средства за чистење и одмастување на работни површини, мебел и подови во домаќинството, средства за чистење и отстранување на бигор и други нечистотии во тоалети и купатила
- Средства за перење и чистење на јавни простори и институции – супермаркети, трговски центри, јавни установи, болници, училишта, угостителски објекти, јавни тоалети и слично
- Технички апликации – средства за перење, чистење и одржување на надворешни и внатрешни површини на автомобили
- Освежувачи на воздух
За овие апликации на нашите клиенти им нудиме:
- Високо квалитетни мириси од палетата на CURT GEORGI GmbH & Co, Германија, произведени по највисока технологија и стандарди кои ги задоволуваат барањата на индустријата за козметика и лична хигиена за деца и возрасни како и индустријата за детергенти и средства за чистење
- Иновативни активни материјали и адитиви на база на материјали од морето и билни екстракти, произведени по најсовремена технологија, а за потребите на козметичката и индустријата за лична хигиена
- Суровини и површинско-активни материи и нивни брендови кои се користат во сите видови производи за лична нега, средства за перење и чистење во домаќинството, институциите и индустријата од програмата на Dow Corning, Akzo Nobel i КАО Chemicals, преку нашиот партнер Checoma EOOD